Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес учествуваше на панел дискусија насловена “Поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан”, во организација на Националниот демократски институт.

Во својот говор министерот Османи истакна дека Северна Македонија ги отвори вратите за околу 800 бегалци од Авганистан, силно демонстрирајќи солидарност и одговорност кога тоа беше најпотребно. Toj изрази задоволство од успешно завршената мисија за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан, кои ја напуштија Северна Македонија и се упатија кон земјите од нивната конечна дестинација.

“Во тоа тешко време, целосно ја разбравме потребата да ги засилиме нашите напори за да им помогнеме на луѓето кои работеа за мир во таа земја во изминатите 20 години. Стануваше збор за вработени, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарни и мировни мисии, активисти од организации за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, научници, како и граѓани кои ги поддржуваа силите на НАТО во Авганистан во изминатите 20 години, вклучително и нашата армија”, рече Османи.

Воедно, Османи потсети дека државата како кредибилен НАТО сојузник обезбеди привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, кои беа сместени во базата „Бехтел“, во Косово, а кои претходно беа ангажирани од страна на Алијансата за време на мисијата во Авганистан.

“Придонесовме да се ослободат силите на НАТО ангажирани во базата “Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина. И оваа мисија успешно ја завршивме. Сите Авганистанци поврзани со НАТО ја напуштија земјава и се наоѓаат во земјите на нивна крајна дестинација”, истакна Османи додавајќи дека учеството во оваа операција беше исклучително искуство за постигнување на посакуваната интероперабилност, што ни помогна денес да стоиме еднакво рамо до рамо со нашите НАТО сојузници во различни мисии за заштита на нашите вредности и норми.

Воедно, говорејќи за солидарноста и нашиот активен придонес кон заедничките напори на меѓународната заедница во справувањето со кризни ситуации, Османи се осврна и на нашето претседавање со ОБСЕ во чиј фокус се луѓето. Во таа смисла, нагласи дека човековата безбедност, вклучително и заштитата на цивилите и ублажувањето на цивилната штета, мора да има централно место во нашите заложби.

Би можело да ве интересира

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски