Османи: Мора да се најде решение за СЈО

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека мора да се најде решение за Специјалното јавно обвинителство бидејќи тоа е еден од столбовите во борбата против корупцијата, покрај Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Обвинителството, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Координативното тело за борба против организиран и сериозен криминал.

Одговарајќи на новинарско прашање по работната посета на Државниот завод за ревизија, Османи рече дека формално мандатот на СЈО завршува во септември, а тие сакаат законот за јавно обвинителство да биде донесен до јуни, пред објавувањето на Извештајот на ЕК за да може да им се олесни на земјите членки на ЕУ одлуката за отворање на преговорите.

– Од прв ден реков дека мора да работиме на две траектории, дека најдобро идеално решение би било да најдеме консензус општ бидејќи тоа ќе се одрази на кредибилитетот на институцијата, меѓутоа и на пораката што ја праќаме до земјите членки дека ние не се разликуваме како политички партии од било кој дел на спектарот во однос на враќањето на владеењето на правото. Треба да се исцрпат сите можности за постигнување договор. Фактот дека има разговори, дека има предлози од една и од друга страна, имало и четврта рунда во која повторно се отворило дебата по однос на конкретни прашања. Тоа е добро и треба да се одржи таа динамика на обид за изнаоѓање решение, а паралелно ние да разговараме со тие што ја носат одлуката на крај, рече Османи.

Османи потсети дека има два приниципа кои се тешки за компромис – одредена автономија во функционирањето на едно антикорупциско тело и завршување на сите индиции од прислушуваните материјали.

Според него, оставање на работата на половина не прави услуга никому и тој процес треба да заврши. Околу овие два принципа кои, како што рече, се пофиксни, има простор да се изнајде решение.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+