Османи: Кризните штабови за справување со КОВИД 19 да се формираат на ниво на месни заедници

Од:

Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека денеска се одржа конститутивната седница на координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од КОВИД19.

Во улога на Главен Координатор со телото заседаваше Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Координативното тело донело одлука да ги задолжи општините веднаш да формираат посебни штабови за справување со предизвиците од епидемијата и тоа покрај на ниво на единиците на локална самоуправа како надлежно тело, и на ниво на месни заедници, со што ќе се обезбеди поблиска координација со потребите на граѓаните и поблизок пристап директно на терен.

„Мора да обезбедиме организирано и координирано присуство на најниско ниво на терен, со цел да обезбедиме навремена и соодветна поддршка за граѓаните, но и веродостојно информирање и известување за состојбите.“, изјави Османи, посочувајќи на месните заедници како најблиски единици до граѓаните, како и координацијата на општините и нивните активности како најдобар инструмент за директен пристап до граѓаните.

Координативното тело е формирано со одлука на Владата минатата недела, каде покрај Главниот координатор, Вицепремиерот Османи, учествуваат и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како заменик на Главниот координатор, 5 члена од редот на инспекторите при Дирекцијата за заштита и спасување, како и Државните секретари при Министерствата за Здравство, за Внатрешни работи и Одбрана.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот