Османи ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година. Состанокот ќе се одржи во видеоформат, а со него ќе претседава шефот на германската дипломатија, Хајко Мас.

Покрај министерот Османи, како што соопшти МНР, на состанокот ќе учествуваат министрите, учесници во процесот од земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и земји членки на ЕУ, Aвстрија, Бугарија, Грција, Италија, Полска, Словенија, Франција, Хрватска, како и Обединетото Кралство.

Донесените заклучоци од состанокот би требало да влезат во завршната Декларација на завршниот Самит на шефови на држави и влади, кој е планирано да се одржи на 5 јули оваа година.

Берлинскиот процес е инициран во 2014 година под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, како политичкa платформа за водење на политички дијалог на високо ниво помеѓу високите претставници на шесте земји од Западен Балкан и нивните колеги од земјите членки на ЕУ домаќини на Берлинскиот процес, како и за продлабочување на регионалната политичка и социо-економска соработка. Процесот е насочен кон постигнување забрзан реформски напредок и економски развој во комплементарност со ЕУ пристапниот и интегративен процес.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија