Османи: Ќе го искористиме полското искуство за подобрување на ефикасноста во преговорите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Полска во земјава, Војчех Јежи Тичињски.

Вицепремиерот Османи најпрвин упати честитки до Амбасадорот Тичињски за именувањето на оваа функција, при што потенцирање дека за нашата земја од особено значење е поддршката и помошта од Република Полска за реализација на нашите зацртани стратешки цели, членство во НАТО и во Европската Унија и притоа изрази надеж дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.

„Обврските кои произлегуваат од јунските самити претставуваат обврски за нас за кои постои целосна посветеност не само на Владата, туку и на севкупниот значаен општествен и политички фактор“ истакна Османи, посочувајќи и на Полското искуство во преговорите како значаен инпут за подготовка на преговарачката структура за унапредување на ефикасноста во преговорите.

„Поддршката од страна на Полска, како билатерална, така и на самиот евроинтегративен процес, ја сметаме за особено важна, не само како политички став внатре во Европската Унија, туку и како суштински придонес во создавањето на поддршката на процесот на проширувањето и меѓу земјите од Вишеградската група“ – истакна Османи. Тој во продолжение го информираше амбасадорот Тичињски и за најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на Договорот од Преспа, но и за текот на имеплементација на реформите од Планот 18.

Во текот на разговорот двајцата соговорници изразија взаемно уверување за натамошно зацврстување на пријателските врски меѓу двете земји, преку унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски