Османи: Кампањата е делумно фер

Од:

Предусловите за фер избори се делумно исполнети. За време на кампањата ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ трошат милионски суми и држат монопол во застапеноста по медиумите и нема рамномерност, изјави Руфи Османи лидер на НДП и канадидат за градоначалник на општина Гостивар за досегашниот тек на предизборната кампања.

Тој додаде дека заедно со кандидатите од неговата партија ќе се заложат за фер избори.

Османи и кандидатите за градоначалници од Шестата изборна единица го потпишаа кодексот на однесување за фер и демократски избори од кампањата “Каков белег ќе оставиме” во Гостивар.

– НДП, исто како и досега, ќе даде позитивен пример за унапредување на демократијата како предуслов за влез во ЕУ и НАТО. Важно е безбедносните структури да не бидат злоупотребени во прекршување на суштината на демократијата, односно слободното изразување на граѓаните, рече Османи по потпишувањето на кодексот.

На новинарско прашање какви забалешки има на досегашниот тек, лидерот на НДП, нагласи случаи во кои наводно се врши притисок на вработени во државната админстрација, за давање поткуп и лажни ветувања за вработувања, за што рече, убеден е дека странските набљудувачи ќе ги нотираат и ќе ги достават до власта во Брисел и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска