Османи: Имаме високи очекувања од ЕУ и активно се подготвуваме за стартот на преговорите

Од:

Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, очекувањата во периодот што претстои, како и дијалогот Белград-Приштина, беа тема на видеосредбата што денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаше со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Како што соопшти МНР, во оваа прилика Османи посочил дека земјава високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.

– Како непосредни соседи на Косово и Србија, имаме особен интерес од успехот на дијалогот Приштина – Белград посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на двете страни и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион, изјави Османи.

Соговорниците разговарале и за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и за очекувањата во периодот што претстои.

– Имав исклучително успешна посета на Брисел, на средби со Високиот претставник на ЕУ, Борел, како и Еврокомесарот за проширување Вархеји. Во очекување сме на Годишниот извештај од страна на Комисијата, како и на економскиот план за Западниот Балкан кој го најави Еврокомесарот Вархеји. Дома сме посветени на реформите, со акцент на владеењето на правото, како и на финализација на сите политички и административно-технички подготовки за стартот на преговорите до крајот на годината, истакна Османи, упатувајќи уверување до Лајчак дека земјата ќе биде навремено подготвена за одржување на првата Меѓувладина конференција и стартот на преговорите со ЕУ.

Соговорниците се согласиле дека одржувањето на Првата меѓувладина конференција до крајот на годината е важна не само Северна Македонија, туку и заради пораката којашто ќе се испрати до целиот регион. Тоа, според нив, ќе претставува потврда дека политиката на проширување на ЕУ продолжува, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Османи: Се залагам за еднаква држава за сите

Орце Костов