Османи и Ковачевски шест дена ветуваат дека ќе го објават, а го кријат протоколот со бугарски желби

Од:

Сите желби на Бугарија дел од протоколот останаа сокриени од јавноста. Министерот Бујар Османи и вчера вети на екипата на „А1он“ дека протоколот ќе биде јавен, но и на два дена пред истекот на времето за конечна одлука дали ќе се прифати францускиот предлог, а со тоа и протоколот, тој остана недостапен за јавноста.

Во него има барања кои мора да бидат исполнети, како што е терминот кога треба да се промени Уставот, задачата да се менуваат учебниците по насоки од Бугарија, но регулираат и историските прашања, говор на омраза на социјални мрежи и медиуми. Сите овие обврски кои ги презема Македонија, остануваат познати само за министрите и премиерот.

Османи на прашање испратено до него во текот на вчерашниот ден, дали ќе го објави протоколот одговори: „Да“. Но тој до моментот на објавување на овој текст не е објавен и покрај алармот од јавноста, но и дипломати дека е штетен и дека со него билатералните прашања и историјата влегуваат во преговарачката рамка, нешто за кое и Владата се противеше.

Уверување дека протоколот ќе е јавен, јавноста доби и од премиерот Димитар Ковачевски. Но ова не се случи досега во реалност. Се намалува и времето во кое ќе може да се даде мислење за бугарските барања и дали тие се прифатливи за јавноста или ќе се бара менување и на протоколот. „А1он“ шести ден го бара овој документ, за кој неколку пати добивме уверување дека нема да се крие.

Протоколот требаше да биде усогласен со бугарската министрка Генчовска. Во него, освен бугарските желби, според неофицијални информации, нема обврски за Бугарија и гаранции дека нема да нѐ блокира.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот