Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски е прашање за судските органи, но останува на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и тука да се соочи со правдата, затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил.

-Прашањето за екстрадицијата на поранешниот премиер не е прашање на надворешно политичка комуникација, туку е прашање на судските органи и на министерствата за правда кои што си комуницираат во тој дел. Јас останувам на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и да се соочи со правдата тука, затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил, рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, во одговор на новинарско прашање.

Во однос на ова прашање, Сијарто на прес-конференцијата посочи дека унгарското Министерство за надворешни работи не може да се меша во работата на тамошното правосудство.

-Тоа не е прашање на надворешната политика. Ние не можеме да се мешаме во судските постапки и затоа не зборувавме за тоа конкретно прашање на денешниот состанок, одговори Сијарто.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот