Османи го испрати досегашниот израелски амбасадор Оријан

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го прими во проштална посета Дан Оријан, вонреден и ополномоштен амбасадор на Државата Израел во Република Северна Македонија, со седиште во Ерусалим.

– По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи изрази задоволство од личниот ангажман и активен придонес на амбасадорот во унапредувањето на билатералните односи и соработка, при што беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР информира дека шефот на дипломатијата Османи изрази задоволство од поддршката и помошта што Државата Израел и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека „Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер, што дополнително ќе се потврди и со очекуваното, полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот“.

На амбасадорот Оријан му е врачена благодарница за посветеноста во продлабочувањето на македонско-израелското пријателство и посакан успех во следните професионални предизвици.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето