Османи: Гласачите ќе знаат да разликуваат одговорност од неодговорност

Од:

ДУИ смета дека предизборната кампања генерално беше фер и во демократски дух со некои исклучоци. Граѓаните на Македонија имаа можност да ги слушаат понудите на политичките партии и предложените кандидати за пратеници, оцени портпаролот на партијата Бујар Османи.

– За жал, за разлика од македонскиот политички блок, во албанскиот политички блок, ДУИ немаше достоен конкурент кој ќе одговори на моментот и контекстот во кој се наоѓа државата. Додека ние повторно во пишана форма со конкретни проекти и понуди и финансиска конструкција понудивме пишан договор со народот со 1.081 проект, нашите политички противници не направија ништо друго освен служење со продавање магла и лажни илузии, рече Османи на прес-конференција.

ДУИ, додаде тој, е длабоко убедена дека гласачите ќе знаат да направат разлика помеѓу одговорноста и неодговорност.

– Ќе знаат да прават разлика што е понуда, а што е уцена и дефинитивно ќе можат да разликуваат кој прави договор во име на народот и кој во свое име. Ние уште еднаш ја изразуваме нашата голема благодарност до сите, особено на над 150.000 граѓани, кои беа наша придружба низ нашите собири овие денови, истакна портпаролот на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците