Османи: ЕУ да реагира соодветно на реформите и позитивната клима

Од:

Согласно реформскиот процес и позитивната клима во Македонија очекувам Европската унија соодветно да реагира, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на средба со Томас Осовски, специјален претставник на Сојузното министерство за надворешни работи за преговори за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ и Директор за политики на ЕУ.

– Ако ја одржиме позитивната клима, одржиме кредибилни и веродостојни избори, и ги спроведиме реформите, очекувам и ЕУ соодветно да реагира со позитивен извештај, отстранување на условеноста на препорака за отпочнување на пристапните преговори, а соодветно на натамошните резултати, и добивање датум за преговори, рекол Османи, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

На средбата Османи го информирал Осовски за текот на реформите откако е дојдена новата Влада, го запознал со реализацијата на Планот 3-6-9, а се осврнал и на надворешната политика на земјава чии резултати се веќе видливи во контекст на затворање на соседските прашања со кои дополнително се откочува процесот на европска интеграција на земјава.

Вицепремиерот Османи на средбата изразил задоволство од германската поддршка за реформскиот процес на Македонија, имајќи ја предвид и оваа посета на Осовски.

Ова, истакнал Османи, претставува потврда за пријателскиот однос меѓу двете земји, но и силната поддршка на Германија за процесот на проширување на Унијата, покрај иницираниот Берлински процес за земјите од Западен Балкан.

– Во однос овие процеси, Османи подвлече дека наредните претседателства доаѓаат од земји кои се заинтересирани за Балканот, и овде гледа можност за Агенда за проширување на Балкано, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он