Османи-Ескобар: Билатералните односи добиваат нова прецизно дефинирана рамка за понатамошен развој, стратешкото партнерство се зацврстува

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на маргините на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, извести МНР.

На средбата беше изразено задоволство од неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што веќе ги дава првичните резултати под формата на американски грантови наменети за зајакнување на владеењето на правото, културата и одбраната.

„Со одржаниот стратешки дијалог со САД, билатералните односи добиваат нова прецизно дефинирана рамка за понатамошен развој, додека стратешкото партнерство дополнително се зацврстува и надградува. Посветено работиме на дефинирање на идните активности кои произлегуваат од стратешкиот дијалог и имаат за цел зајакнување на рефомските процеси и гарантирање на демократскиот напредок и просперитет на земјава” – истакна Османи.

Соговрниците се осврнаа и на евроинтегративите процеси на Северна Македонија со посебен акцент на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија. Ваквиот чекор претставува значаен влог во зачувувањето на стабилноста и напредокот на целокупниот регион, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Воедно, на средбата беше поздравено сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, при што беше истакната поддршката за Украина и заедничките заложби за одбрана на современите демократски принципи и вредности, како и силна осуда за руската воена инвазија, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов