Османи: Доколку има наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму.

-Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши. Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата, рече Османи.

Во однос на брачниот пар, кој е во Газа, повтори дека тие се локални жители на Газа кои имаат државјанство на Северна Македонија.

-Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме. Тие се во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет, така што во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан