Османи: Договорот е успех на нашата дипломатија и можност за нашите бизниси

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рајчел Галовеј, ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на свечена церемонија организирана по тој повод.

„Денес одбележуваме крунисување на еден долг, значаен процес, започнат уште пред три години, а кој претставува суштински израз на вредностите на Дипломатијата да создава можности и потенцијали за бизнисите, за општествата и воопшто за граѓаните“, истакна Османи.

Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија и меѓу десетте најголеми извозни и увозни дестинации на нашта земја. Зборувајќи во таа насока, како и за можностите кои овој Договор ги нуди, Османи потенцираше:

„Договорот значи потенцијал за бизнисите да ја зголемат економската активност меѓу двете земји, тоа ќе значи потенцијал и за останатите бизниси да оформат нови релации на соработка ослободени од бариерите на границите; ова е потенцијал и за нови британски инвестиции овде во Северна Македонија, за нови работни места, за поголема активност и на домашните компании и секако, потенцијал за севкупен економски напредок што претставува круна на одличните односи меѓу двете земји“.

Османи надоврзувајќи се на билатералните односи со Обединетото Кралство нагласи:

„Во овој период, кога нашите амбиции за членство во Европската Унија се исправени пред сериозни предизвици, никој од нас не е среќен што Обединетото Кралство ја напушта Унијата, но сметам дека претставува вистинска дипломатска победа тоа што денес потпишуваме договор со кој ги зацврстуваме нашите односи и поставуваме темели за уште подлабока и поширока економска и политичка соработка”.

За време на церемонијата на потпишување на Спогодбата, свое обраќање имаше и Aмбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј, а преку видео-линковско вклучување се обрати и Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот, Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани