Османи до амбасадорите во ЕУ-земјите: Стартот на преговорите врвен приоритет за дипломатијата и за време на словенечкото претседателство

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, кој се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што, како што соопшти МНР, беше и главна тема на состанокот.

-Следниот период, идните дипломатски делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западен Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

На состанокот беше направен и пресек – резиме на сите дипломатски активности преземени за време на португалското претседателство, при што, се посочува, Османи изрази задоволство од високото ниво на посветеност и интензивна активност на дипломатската мрежа кои ја позиционираат Северна Македонија високо во меѓународните односи. Во тој контекст на маса беа ставени и преземените обврски со нашето зачленување во НАТО и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов