Османи: Ако ноември не фати без завршени уставни измени, мојот страв е дека ќе прекинат преговорите

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе иницира широка дебата за уставните измени за кои смета дека не треба да се губи многу време да бидат комплетирани. Државата, според него, не смее да си дозволи да го дочека ноември без изменет Устав.

„Мојот страв, ако ноември не фати без завршени уставни измени, е дека ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати, со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, вели министерот Османи.

Сите досегашни консултации во однос на измените Османи вели дека биле неформални и токму затоа ги нарекол „консултации низ ходници“, па затоа време е да се почне со формален сет консултации низ јавни дебати.

„Сметам дека е важно да направиме разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измени се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени. Засега тие се измешани и не може да се прави разграничување каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето. Тие не знаат дали ставот на некој политичар е поради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Луѓето кои не се експерти се збунети. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, каде завршува интересот на државата. Таа јавна дебата ќе го искристализира тој аспект“, објасни Османи.

Тој е убеден дека дебатите ќе покажат дека уставните измени не се спорни, ниту пак се закана за државата по ниту еден услов туку дека ќе ја направат државата посилна и со подобар имиџ во светот.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ