Осман Шабани ќе го води случајот „Талир“ на СЈО

Од:

Педметотот означен од СЈО како „Талир“ е распределен на понатамошно постапување кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.

Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд го одобри обвинението за случајот „Талир“ минатата недела.

Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“. Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, се уште се наоѓа кај судија за оценка на обвинителен акт.

Kривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода, додека обвинетата Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство.

Судот ја осуди на двегодишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов