А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Осма национална конференција за рак на дојка

by А1он01/10/2015 - 08:23170
Share0

Претставници на Министерството за здравство, на Фондот за здравствено осигурување и специјалисти од државните и приватните клинички болници, ќе имаат предавања за ракот и методи за лекување на осмата Национална конференција за рак на дојка, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Добивај вести на вибер

Меѓу говорниците на конференцијата, како што информираат организаторите, е и Капи Полк Бејли, сопруга на амбасадорот на САД во Република Македонија.

На иницијатива на Здружението „Борка – за секој нов ден“, кое брои 13 подружници од цела земја, на форумот првпат ќе се потпише меморандум за соработка со повеќе невладини организации кои делуваат на полето на борба против ракот.

Со потпишувањето на меморандумот, се најавува и создавање Сојуз на организации на пациенти, во кој може да се вклучат и други здруженија. Воедно, 2016 година ќе биде прогласена за година на борба против ракот во Македонија,  со што невладните организации ќе иницираат оформување национална стратегија во областа на здравството и здравствената заштита со посебен акцент на малигните заболувања, подобрување на условите и квалитетот на живот на пациентите со малигни и други заболувања, обезбедување посебен буџет за онколошки болести и дрги клучни цели.

kancerzdravstvo

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто