Оштетени спомен-бисти на народни херои во Штип

Од:

Во општина Штип оштетени се неколку спомен-бисти на народни херои од Втората светска војна.

Портпаролот на општина Штип Драган Ристов изјави дека изминатите денови непознати лица обезглавиле спомен бисти, а исшарани се и дел од спомениците на Исарот.

– Обезглавени се спомен-бистите на Ѓошо Сламков во населбата Три Чешми и на Васил Доганџиски, која е до училиштето „Ванчо Прке“, додека бистата на народниот херој Митко Цецов во Стар Конак е оштетена со црна боја. За жал, ова не е првпат вака да бидат уништени бистите на народните херои. Овој чин е за секаква осуда. Нема иднина без почитување на минатото, посебно на оние кои го дале својот живот за слободата на оваа земја, рече Ристов. Изрази надеж дека сторителите ќе бидат откриени и оти во иднина нема да се случуваат вакви вандалски чинови.

Доколку комуналните редари ги фатат сторителите на ваков вандалски чин на местото, во тој случај сторителот треба да плати глоба од 50 евра. Ристов потсети дека пред извесно време вандалски беше оштетен и споменикот на паднатите херои од конфликтот во 2001 година во паркот Суиталк, а општината, како што рече, ги санираше штетите.

Освен спомениците, Ристов рече дека вандали во континуитет прават штети на пешачката патека, кршејќи канделабри, клупи и друг инвентар.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“