Оштетени дваесетина куќи од земјотресот во охридско

Од:

Неколкуте земјотреси во серија во охридскиот регион предизвикаа страв кај населението особено кај жителите на селото Белчишта во општина Дебарца каде тие беа најсилно почуствувани. Голем дел од мештаните ноќта ја поминале под отворено небо поради страв од нови потреси кој ги имаше и изутрина.

Постарите велат дека надвор ќе ја поминат и оваа ноќ. Според првичните проценки оштетени се повеќе од 20 куќи, но и дваесеттина други помошни простории. Има испукани ѕидови, оштетени оџаци, кровови, и помошни простории, и плевни изјавија за А1 од Центарот за управување со кризи. Граѓаните велат оти не паметат ваков земјотрес.

Локалната самоуправа од Белчишта веќе формира комисија за проценка на штетите која денеска излезе на терен за да ја утврди состојбата. Потоа ќе биде изготвен елаборат кој ќе и биде испратен на владата и надлежните министерства кој понатаму треба да ги обештетат граѓаните.

„Досега немаме сознанија за многу големи оштетувања“, вели раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Митко Темелковски.

Од охридската полиција велат дека примиле голем број повици од исплашени граѓани. Инаку Охрид и околните села ги погодоја неколку земјотреси и денеска рано изутрина. За само два часа се случија четири помали и поголеми земјотреси.

Најсилниот беше регистриран во 05.44 минути со епицентар на 15 километри од Охрид, со јачина од 4.5 степени, според Рихтеровата скала. Само 5 минути по овој земјотрес следуваше друг со нешто помал интензитет, односно со јачина од 3.5 степени.

Земјата се тресеше од уште неколку послаби потреси со интензитет од 2.5 степени од кои едниот беше во 06.19 минути и другиот во 07.04 минути. Потресот кој ги вознемири охриѓани според добрите познавачи најверојатно се должел на растресеното италијанско тло кое ја поврзува Турција, Бугарија, преку Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос