Оштетени цевки ги оставија земјоделските од штипско–карбинскиот регион без вода за наводнување

Од:

Жителите од карбинскиот регион остана без вода за наводнување. Земјоделците реагираат дека житото и детелината им се исушиле, бидејќи при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани оштетени се повеќе цевки од системот за наводнување.

Имено, 50 семејства од селото Долни Балван во општина Карбинци бараат водата од езерото Калиманци што побрзо да пристигне до нивите. Алармираат дека ако за десеттина дена не им се реши проблемот ќе останат без род. Тврдат дека станува збор за околу илјада хектари.

– Пченките горат, детелината, тоа што искосивме тоа е, другото се исуши, се е суво како барут, нема повеќе ниту детелина ниту пченка. Нема никаков принос. Пченката веќе е изгорена, за детелината и да не зборувам. Како понатаму, не знам, вели земјоделецот Иванчо Василев од селото Долни Балван.

Раководителот на ЈП Водостопанство „Овче Поле“, Владо Ивановски информира дека градежната компанија мора да ги санира цеквите за наводнување, со цел земјоделците да добијат вода до нивните ниви.

– Во Балван имаме проблеми од изградбата на експресниот пат кон Кочани. Таму од двете страни има искршено цевки кои не се поправени. Од Балван до Каратманово состојбата е сериозна. Системот треба да го санира изведувачот на работите „Гранит“ и да ни го предаде во употреба, а тоа се уште не е направено, вели Ивановски.

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Димковски: На почеток на жетвата, нови мерки и поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз

(ВИДЕО) Ковачевски: Инвестираме во капитални проекти во земјоделството