Оружје и муниција пронајдени кај жител од гостиварско Чајле

Од:

Кај 42-годишен жител од гостиварското село Чајле пронајдени се оружје и куршуми. При претресот во неговиот дом пронајдени се пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.

Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „смит и весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, пет куршуми и батериска лампа со полнач, кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на приведениот Р.М.

Претресот е извршен вчера во 06:45 часот со судска наредба.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он