Оружје и марихуана пронајдени при претреси во домовите на неколку скопјани

Од:

Единицата за недозволена трговија на СВР Скопје вчера извршила претреси во домовите на неколку лица од градот со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

При претресите се пронајдени и одземени предмети што се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.

Како што соопшти денеска МВР, во домот кај Г.Ј.(41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, а кај Д.К.(27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа. Кај Н.А.(22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј.(26) пронајдени се две пакувања со марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје постапувала по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи