ОРОРМ изведе боеви гаѓања на стрелиштето на АРМ кај Велес

Од:

Организацијата на резервни офицери на Македонија денеска на стрелиштето на АРМ кај Велес изведе боеви гаѓања за своите членови со автоматска пушка М-77 и пушкомитралез М-73.

На гаѓањето во групи од по десетмина за секое гаѓање на военото стрелиште учествуваа 90 членови – офицери и подофицери од резервниот состав на АРМ членови на ОРОРМ од основните организации од повеќе градови во Македонија.

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски, претседател на ОРОРМ, рече дека гаѓањето е дел од годишната програма на ОРОРМ за воена обука на своите членови.

– Овие гаѓање на стрелиштата на АРМ се единствена можност за воената обука на нашите членови, односно постарите да си ги проверат знаењата, а новите членови да се стекнат со вештините на гаѓање. Учесниците денеска освоија просечна оценка 4,5 со што докажаа дека се добро обучени за овие гаѓања, изјави Малковски.

Тој воедно им се заблагодари на Министерството за одбрана и на Командата за обука и доктрини на АРМ при Велешкиот гарнизон кои како и на изминатите боеви гаѓања и денеска им беа домаќини и главни соработници за успешно изведување на овие боеви гаѓања на стрелиштето и се грижеа за безбедноста на сите учесници.ж

Традиционално, по гаѓањето, сите учесници се упатија во Велешкиот гарнизон на АРМ каде во Војничката менза беа послужени со војничко гравче и заеднички се дружеа.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите