Организаторите на настани ги ставија протестите во мирување, викендов одат на средба со Битиќи

Од:

Претставниците на „Ивент индустријата“ кои три дена протестираа пред Владата денеска добиле покана од вицепремиерот Фатмир Битиќи да се сретнат и да разговараат за изнаоѓање решенија за помош на овој сектор.

Асоцијација ИВАП попладнево соопшти дека средбата со Битиќи е закажан за сабота во Владата во 10 часот.

Наведуваат дека заради желбата за прогрес и изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за помош, од утре протестите ќе ги стават во мирување. Нивното повторно обновување ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато.

Организаторите на протестите на „Ивент индустријата“ велат дека се свесни за економската состојба на државата, но укажуваат оти тие се една од најзагрозените гранки како последица на корона-кризата, и затоа бараат поголема помош и поддршка од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма