(ВИДЕО) Ордановски кон Петревски: Мене од МРТ ме изнесоа со полиција, а како тебе ќе те изнесат?

Од:

Мене од МРТ ме изнесоа со полиција, со обезбедување, а како ќе те однесат тебе Горан Петревски?- му се обрати поранешниот директор на МРТ, Сашо Ордановски, на својот колега и актуелен уредник на информативната програма на јавниот сервис, Горан Петревски.

По обраќањето на Ордановски на денешната дебата „Каков јавен сервис и е потребен на Македонија?“, во организација на ЗНМ, каде тој изнесе остри критики за одговорните во телевизијата при тоа велејќи дека покажале морален пад во својата кариера, Петревски раскажа анегдота која ја слушнал од самиот Ордановски. Имено дека во времето кога станал директор, функцијата му била доделена од Бранко Црвенковски, тогашен премиер, и дека му било речено дека е избран затоа што политичкиот врв нема често да му се јавува на телефон и да му дава наредби.

– Знаеш ли како завршува таа анегдота? На крај со полиција мораа да ме сменат од МРТ, но како требе ќе те сменат Горане?! Со обезбедување дојдоа, но ти тој крај не го кажуваш. Сигурен сум дека и тебе ти се јавиле така и ти го понудиле твоето место – му одговори Ордановски.

По барањето на Ордановски уредувачкиот тим на МРТ да поднесе оставка поради непрофесионалното известување, уредникот на информативната програма, Горан Петревски праша што сака Ордановски како организатор на дебатата, дебатирање или оставки. На тоа Ордановски рече дека ги сака и двете.

Петревски се пожали дека изминатов период бил мета на напади, закани, уцени, омаловажувања и деградирања во јавноста, дека бил линчуван и лустриран и дека се чувствува незаштитен затоа што ЗНМ, како здружение на новинари, не застанало во негова одбрана. При тоа тој се послужи со дискфалификации кога му реплицираше на Ордановски.

Освен со анегдотата која ја раскажа, Петревски рече дека е по професија само новинар, за разлика од Ордановски кој се дружи со политичари и кој е повеќе политикант отколку новинар. Тој им порача на дискутантите дека е дојден на дебатата за да чуе совети и сугестии како да се подобри работата на МРТ.

На тоа Ордановски рече дека најдобронамерно ги советува уредниците на МРТ да не дозволува Јавното обвинителство да ја дефинира уредувачката политика и да не ја прифаќаат неговата дефиниција за јавен интерес.

– Вие не ги објавувате материјалите од бомбите, а ги објавувате реакциите од ВМРО-ДПМНЕ и вашата публика е збунета, не знае за што се работи. Кога бил Зоран Заев последен пат гостин во МРТ? Ве советувам да го викнете Заев барем еднаш недело, во оваа политичка криза барем толку заслужува, со оглед на тоа дека Груевски е два пати неделно. Не можете така да ја третирате политичката криза. Вие зборувате како ние да сме во покомотна позиција. За мене се побара да ме закопаат во дупка со бетонска плоча, а Агенцијата не реагираше на тоа. Вие, пак, зборувате како да сте загрозената страна – рече Ордановски мислејќи на црните кампањи во медиумите кои често се водат против критичарите на власта.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он

Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ