Ордановски: Бродот тоне и МРТ се свесни за тоа, поднесете си оставки!

Од:

Горан Петрески го знам одамна и скандалозен е моралниот пад во неговата кариера. Овие луѓе немаат грам самокритичност, никаква авторелфлексија, барем тоа да го видевме, еве не мора оставки. Кажете, не е толку страшно, преземете одговорност, одете си од функцијата, има многу млади колеги кои можат да ве наследат – им порача новинарот и политиколог, Сашо Ордановски на колегите од Македонската радиотелевизија на денешната дебата во организација на ЗНМ на тема „Каков јавен сервис и е потребен на Македонија?“

Обраќањето на Ордановски следеше по говорот на директорот на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски, кој го искритикува насловот на дебатата.

– Каков јавен сервис и е потребен на Македонија, дали и треба јавен сервис таков каков што имаше додека со неа раководеше директор со средно образование? – праша Трајчевски.

Веднаш после него Ордановски го праша дали мислел на него. И покрај тоа што неколку пати го повтори прашањето, Трајчевски одби да одговори и инсистираше Ордановски да продолжи со излагањето.

– Да не зборувам за својот просек, за мојата докторска, и за вашиот просек, вашата докторска. Вие сте електроинжинер и затоа ништо не можете да кажете за јавниот интерес. Овие луѓе доаѓаат да на дебата за МРТ, а не чувствуваат потреба да говорат за јавниот интерес. Трагедија е што наместо за тоа, дошле тука за друго да разговараат, како финансирањето и забавната програма да се суштината на МРТ – рече тој.

На коментарите на Ратајковски дека не се организираат доволно дебати за МРТ и дека ЗНМ и еснафот треба да ги покрене, Ордановски реплицираше дека МРТ има законска обврска да прави редовни дебати и анализи за својата работа.

– Кој да ви ја анализира МРТ? По закон вие сте должни тоа да го правите. Јасно е дека сте тука затоа што чувствувате дека бродот тоне. Тоа што изигрувате арогантни е само симптом на слабост. Ве повикувам да си поднесете оставка, тоа е минималното што можете да го направите. Се што сакаме од јавниот сервис стои во законот. Во овој момент прекршувате дваесетина законски обврски. Ги кршите сите постоечки универзални стандарди за професионално новинарство – рече Ордановски.

Според него МРТ во својата историја не доживеале вакво регрисирање. За тоа, рече, се единствено виновни уредниците и дека во тоа не може да помогне ништо друго освен оставки.

– Имаме диктаторски режим кој се ближи кон својот крај, имаме власт која е морално корумпирана. Да нема сомневање дека во политичката разврска ќе спаѓаат оставки на овие господа, на уредниците на МРТ и на членовите на Агенцијата за медиуми. Им правам услуга и ги повикувам да си дадат оставки на време – посочи тој.

По говорот на Ордановски просторијата ја напуштија Петревски и Трајчевски, но се вратија по неколку минути и останаа до крајот на дебатата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он

Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ