Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски

Од:

Без поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ќе беше потешко да се заштити унгарската граница, вели премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, запрашан за азилот кој Груевски го доби.

Орбан рече дека Унгарија праведно ги третира соработниците, а истакна дека Груевски е негов соработник исто како и на унгарскиот народ.

„Не можеме да ги исклучиме правните процедури, но можеме да овозможиме праведен третман“, потенцираше Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека организациите поврзани со Џорџ Сорос се впуштени во прогонот против Груевски.

За судските постапки против Груевски, Орбан изјави: „Станува збор за комплицирани спорови, а правниот систем е дел од истите“.

„Властите ќе одлучат што ќе направат во врска со екстрадацијата“, рече Орбан.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош