Орав: Сега е време политичарите да покажат дека се за интеграција во ЕУ

Од:

„Во изминатите години слушнавме многу прекрасни зборови за интегрирањето на земјата во ЕУ. Сега е време за сите политичари, да повторам, сите политичари да покажат дека овие зборови ги поддржуваат со дела.

Овде сме да и помогнеме на вашата земја на патот кон ЕУ, но мора да видиме дека тоа навистина го сакате“.

Ова го изјави евроамбасадорот Аиво Орав на промоцијата на твининг-проектот за зајакнување на капацитетите за процесот на европската интеграција на Секретаријатот за европски прашања и клучните министерства.

Проектот за зајакнување на капацитетите за процесот на европската интеграција ќе се спроведува 21 месец во СЕП и клучните министерства и е финансиски поддржан со 1,7 милиони евра преку ЕУ, односно ИПА 2010/ТАИБ. 

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини