Орав: Неопходно е обновување на политичкиот дијалог

Од:

Различна диоптрија за Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во 2014 година на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроитеграции и комисиите за надворешна политика и за европски прашања посветена на Извештајот.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Аиво Орав подвлече дека пораките во Извештајот на ЕК, кој содржи шеста по ред препорака за почнување на преговорите, се јасни и се предадени на власта, на опозицијата, на граѓанскиот сектор, како и на земјите членки на ЕУ. Тој со оценка, дека, пред се, е потребно обновување на политичкиот дијалог.

– Бидејќи постојат различни толкувања за оваа препорака во изминатите денови, прашањето е што треба да се прави сега? Нема време и сите овие точки кои предизвикуваат загриженост треба веднаш да се решаваат, треба да се занимавате со независноста на судството, независноста на медиумите. Потребно е време, но политичкиот дијалог е прашање што може да се реши брзо. ДПА ќе се врати во Парламентот и ние го поздравуваме тоа. Се надеваме дека и СДСМ ќе ги видиме тука што е можно поскоро и дека Владата и опозициските партии ќе почнат конструктивен дијалог во следните денови. Ова е основата на Извештајот за напредокот, рече Орав.

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции Илија Димовски, пак, потенцира дека жали што РМ станува рекордер по бројот на препораки и оцени дека ќорсокакот, кој што и е наметнат на земјата не е внатрешен, туку надворешен и е базиран на надворешни фактори, посочувајќи на спорот за името. Извештајот, нагласи, треба реално да се гледа и да не се користи како алатка за политичка пресметка во државата или во меѓународен контекст, додавајќи дека владејачките партии се подготвени веднаш да седнат на маса со опозицијата за надминување на несогласувањата.

– Нема потреба да влегуваме во дополнителни објаснувања, анализи за Извештајот, треба да го прифатиме како таков, да направиме наша агенда со задачи и обврски, вклучително и на Собранието и на НСЕИ и на Владата, и да постапуваме врз база на тие приоритети. Овој Извештај ќе биде еден од клучните документи по кои што РМ ќе ги утврдува своите приоритети во оваа и следната година, рече Димовски.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, меѓу другото, подвлече дека парадоксот и на овој Извештај со шеста по ред препорака е оти нема надеж дека таа на декемврискиот Совет на ЕУ ќе биде преточена во политичка одлука за датум за почнување на преговорите, што според него, го нагризува ентузијазмот за ЕУ-интеграциите во македонското општество и влијае на кредибилитетот и на процесот на проширување и на ЕК. До опозицијата, пак, ја повтори пораката дека местото и е во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ