Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав во интервјуто за “еВести” рече дека Грција направи чекор и дека сега е ред Владата да одговори на меморандумот што побргу.
– Грција е наша земја членка и ние се надеваме дека вашата Влада ќе одговори на овој предлог и тоа што е можно побрзо – секако кога се подготвени за тоа. Предлози како тој бараат време за да се разгледаат колку што е можно повеќе – вели евроамабасадорот.
На прашањето за напредокот на земјата, Орав изјави дека извештајот е навистина напредок.
-Имаше слушнав и многу критики од некои луѓе дека има и многу предизвици нотирани во извештајот и да, тоа е точно. Но ако не е така, и ако нема доза на критики и наведени предизвици тогаш земјата треба да ги почне преговорите утре. Но, секако земјата не е подготвена да ги почне преговорите утре. Земјата има уште пред да ги почне преговорите и мислам дека извештајот покажува дека има добра можност за отворање на тој процес. Таква препорака даде и Комисијата, но останува на Советот на земјите членки, да одлучат дали е вистинско време за старт на преговори или нешто друго треба да се стори, рече евроамбасадорот.
Абасадорот Орав исто така истакна дека многу е важно реформите да продолжат.
-Тоа е во интерес на вашата земја, на сите граѓани. Ако успеете да го хармонизирате законодавството со тоа на Европската Унија, тоа значи дека еден ден кога ќе ги почнете преговорите ќе биде многу полесно земјата да продолжи. Ако е се завршено може да отворите преговори во една област наутро и да ги затворите навечер. Разбирливо е дека на политичарите им е тешко да ги составуваат тие извештаи, но работата мора да се заврши, изјави Орав.
На прашањето како гледа на политичката атмосфера во Македонија тој рече дека не сака да шпекулира за тоа што ќе се случи, но дека Охридскиот рамковен договор е клучен за да се одржи стабилноста и дека ЕУ следи како се имплементира овој документ.