Орав: Дијалог за излез од политичката криза

Од:

Потребен е дијалог за излез од политичката криза, смета евроамбасадорот Аиво Орав во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Ги видовме снимките од 24. декември и тие не беа многу охрабрувачки. Но, сепак, секој ден сме сведоци на телевизиски снимки. Јас вчера гледав телевизија и видов многу проблематични работи. Тоа го гледаме на телевизија. Доколку постои проблем важно е да се верификуваат сите факти и да се разјасни што се има случено, какви правила и процедури биле прекршени, што се случило зад сцената, што се случувало претходно и што се случува после настанот. Тие работи не ги гледаме на телевизија“, вели Орав.

Орав верува дека во институциите се уште има демократски капацитет.

Тој смета дека кај македонските власти сè уште постои демократски капацитет. Проблемот, вели, е што моментално има политички потешкотии и земјата се подготвува за локални избори. Доколку политичките партии и граѓаните се фокусирани врз тие две прашања тогаш веројатно нема доволно време за фокусирање врз агендата на Европската унија.

„Како и да е, јас и во други интервјуа имам напоменато дека ова е историски момент. Секој ден во животот ја пишуваме историјата. Некои поглавја се позабележливи, а некои помалку забележливи. Ова поглавје кое политичките партии и жителите на земјата денес го пишуваат е многу важно. Се надевам дека во иднина кога ќе се разгледува, ова поглавје ќе биде позитивно“, рече Орав.

Орав вели дека е потребен политички дијалог и разговор на лидерите. За него идејата на претседателот за организирање на анкетна комисија е многу добар предлог. Владата, смета, мора да изнајде начин како да го обнови дијалогот со новинарите.

Во делегацијата на Европската е забележан падот на индексот на слободата на медиумите, која е една од главните основи на демократијата и сакаат да видат дека слободата на медиумите се движи во вистинска насока.

„Сметам дека решавањето на спорот со името во голема мера ќе го помогне стартот на преговорите во јуни. Сепак најважно е следниот извештај да биде позитивен и земјите членки да разберат дека извештајот е позитивен. Комисијата само ги извршува техничките работи. Тие го изготвуваат извештајот. Содржината за извештајот доаѓа од овде.

– Политичарите и жителите на земјата денеска, утре и задутре го пишуваат извештајот. Доколку позитивно се одвиваат работите тоа така и ќе биде рефлектирано, а земјите членки мора да бидат убедени, по што ќе може да почнат преговорите. Јасно е дека во пролетниот извештај потребно е да се вклучат и чекори во насока на решавање на спорот со името. Доколку постојат позитивни чекори и тоа е рефлектирано во извештајот и ако тоа го перцепираат земјите членки тогаш сето тоа многу ќе помогне“, објаснува Орав.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он