Орав: Целосно да се имплементира договорот од 1 март

Од:

Македонија треба да напредува во рамки на евроинтеграциите, а една од приоритетните задачаи за таа цел е целосно имплементирање на договорот од 1 март, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање за еврооптимизмот кај владиниот коалициски партнер ДУИ.

– Треба да напредувате кон ЕУ, а во ЕУ се надеваме дека вашата земја тоа ќе го прави активно и перфектно. Пролетниот извештај, кој беше објавен, беше позитивен, но содржеше и бројни забелешки кои исто така треба да бидат адресирани што е можно побрзо. Првата и најважна е имплементација на договорот од 1 март. Многу работи се направени – опозицијата се врати во Парламентот и учествуваше на локалните избори, претседавачите со Националниот совет за евроинтеграции беа поканети и учествуваа на состанокот во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, но се уште не е комплетирана Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и не е потпишан меморандум за разбирање меѓу партии, рече Орав кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во Скопје промовираа нова проект иницијатива „Младите за Европа“.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија