Општините од истокот ќе одлучуваат за грант од УНДП

Од:

Шест проекти од општините од истокот се во конкуренција за добивање грант од УНДП во износ од 33.000 евра.

Општините од источно планскиот регион денеска во Штип ги образложија своите проекти, а меѓу кои се енергетска ефикасност за Здраствениот дом во Македонска Каменица, изработка на техничка документација за изградба на мали акумулации во „Арамиска чешма“, изработка на техничка документација за цевковод со резервоар за вода во индустриската зона Чуката во Пехчево. Дел од проектите се и изградба на трета фаза на етно парк во Зрновци, потоа енергетски ефикасен објект за интернатот за децата со посебни потреби во виничкото село Блатец, а шестиот проект е стационар за кучиња.

Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева појаснува дека станува збор на проектот за унапредување на општинското владеење на УНДП и се работи за грант од 270.000 евра за сите осум плански региони во земјава.

– Значи секој центар треба да добие по 33.000 евра. Предлог проектите кои што денес ги разгледуваме на оваа еднодневна работилница, кога ќе се иселектираат три предлог проекти, одат на регионалниот совет. Седницата на регионалниот совет е закажана за 20 јули во Берово, каде што од три предложени предлог проекти може да се финансира само еден, вели Здравева.

Во наредните денови ќе се одлучи, кои три проекти ќе бидат доставени до Советот на градоначалници, а 11 градоначаници треба да одлучат кој проект, кој има регионално значење, ќе биде реализиран со грантот од УНДП.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он