Општина Виница во проект на Светска банка

Од:

Претставници од општина Виница предводени од градоначалникот Емил Дончев учествуваа на регионалната конференција „Градови со интегритет“, што се одржа на 30 и 31 минатиот месец во Белград, во организација на Светска банка и австриската Влада. Конференцијата е во рамки на втората фаза од Програмата за урбано партнерство.

– Учесниците на конференцијата имаа можност да споделат добри и позитивни искуства и да дискутираат за прогресот и предизвиците со кои тие се соочуваат во сузбивање на корупцијата. Учесниците дискутираа за различни модели на антикорупциски механизми кои веќе се имплементирани на локално ниво, вклучувајќи ги општинските е-портали, буџетскиот календар, користење на социјалните мрежи, едукација на претставниците на локалните заедници, учеството на граѓаните во донесувањето на стратешките одлуки, изјави градоначалникот Дончев.

Општина Виница, како што истакна, во овој проект е вклучена од 2013 година година, а сега се работи на спроведување на препораките од Акцискиот план. Фокусот е ставен на три стратешки области: управувањето со човечките ресурси; транспарентноста на општината и вклученоста на граѓаните, како и зајакнување на контролата врз реализацијата на инфраструктурните проекти.

Би можело да ве интересира

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат