Општина Тетово набави лаптопи за ученици за следење настава на интернет

Од:

Општина Тетово информираше дека се набавени 300 лаптопи за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет.

-Општина Тетово започна со дистрибуција на лаптопи за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет. Станува збор за 300 лаптопи кои учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн-наставата, соопшти Општина Тетово.

Инаку, службениците од Секторот за јавните дејности при Општина Тетово со директорите на училиштата одржуваат онлајн-состаноци во кои се координираат активностите за одржување настава од далечина.

Проценките се дека 30 отсто од учениците поради немање интернет, компјутери и од други причини не можат да следат настава на интернет.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“