Општина Тетово ќе стопанисува со новоизградениот цевковод од системот за водоснабдување

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети на симболичен начин денеска го предаде стопанисувањето со новоизградениот цевковод од системот за водоснабдување на град Тетово на гардоначалничката на општината Теута Арифи.

До денешната активност доаѓа откако вчера на оперативните екипи од Министерството и Општината биле завршени техничките процедури за примопредавање на цевководот.

-По две и пол годишна активност на Министерството цевководот во должина од девет километри и двесте метри е изграден по многу тежок планински терен со што е направен крупен чекор за завршување на проектот за новиот водоснабдителен систем за Тетово, изјави министерот Амети.

Според градоначалничката Арифи завршувањето на цевководот заедно со финализирањето на работите на филтер станицата што се во завршна фаза со што Тетово долгорочно го решава проблемот со вода за пиење. Новиот водоснабдителен систем треба да обезбеди дополнителни двесет литри вода за пиење.

-Изградбата на цевководот чинеше околу два милиони евра од буџетот на државата што беа реализирани преку Министерството за животна средина. За филтер станицата беа обезбедени еден милион и дветсет илјади евра кредит од европската банка за инвестиции и дополнителни осумстотини илјади евра од буџетот на општина Тетово. Објектот на филтер станицата е завршен, а се монтираат филтрите за вода и ситемот за снабдување со електричната енергија. Овој зафат треба да биде готов оваа пролет. Досега таму се направени и две проби за одвод и довод на водата до филтер станицата што биле успешни, рече градоначалничката Арифи.

Во однос на состојбите околу депонија што се создаде кај влезот во Тетово од правец на Скопје поради активностите за изградба на нова претоварна станица но и околу работите за регионалната депонија кај гостиварско Русино, градоначалничката Арифи посочи дека завршено е со проектирањето и многу скоро ќе се отпочне со изградба на нова претоварана станица за отпад со запазување на стандардите, а оти отпадот што е на влезот во Тетово се расчистува.

-За регионалната депонија кај Русино во осработка со УНДП и швајцарската агенција за реазвој отпочнат е проект за стандардизирање на депонијата, а во мај на заедничка средба на комуналните претпшријатија во полошко треба да се состави заедничка комисија што ќе раководи со работењето на регионалната депонија, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски