Општина Струмица во јули решила 107 проблеми на граѓаните

Од:

Општинските власти во Струмица, во јули решиле 107 проблеми на граѓаните преку сервисот „Систем 48“ од вкупно доставени 120 пријави.

– Останатите 13 пријави се во процес на решавање бидејќи се работи за пријави кои не се решаваат во период од 48 часа, по конкретно се работи за крпење на ударни дупки за кои е потребна тендерска постапка или поставување на нови сливници за кои исто така е потребна фирма изведувач и кроење на дрвја кои во овој временски период екипите задолжени за таа работа, не се во можност да интервенираат – информираат од општината.

Оттаму додаваат дека најголем број од пријавите во месец јули се од областа на собирање смет 46, улично осветлување 38 и 30 од областа на водовод и канализација.

Бројот на доставени пријави во „Систем 48“ значително се зголемува од месец во месец, што е добар показател дека граѓаните на Струмица во овој општински сервис гледаат свој партнер со кого најбрзо ги решаваат проблемите со кои се соочуваат.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски