Општина Струмица: Власта злоупотребува граѓани за дискредитација на Заев

Од:

Откако на провладини медиуми се појави лице, Асан Демов, коj се жалеше дека струмичкиот градоначалник Зоран Заев го турнал и не му ја давал социјалната помош од 2.000 денари што му следувала, Општина Струмица остро реагира дека власта злоупотребува граѓани за партиски цели.

„Жално е за приземни политички цели да се злоупотребува кој било граѓанин па и лицето кое денеска пласираше груба лага пред медиумите и јавноста. Повеќе од очигледно е дека платената нарачка за таквата изјава има за цел – дискредитација на името и угледот на градоначалникот Зоран Заев. Ваквите производи од кујната на ВМРО-ДПМНЕ се одамна познати. Така беше и пред последните локални избори со демолирањето на автомобилот на Мојсеј Трајковски, брат на починатиот претседател Борис Трајковски. И тогаш за случајот беше обвинет Зоран Заев и неговите приврзаници за потоа истрагата да покаже дека сторители се млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата од општината.

Од Кабинетот на струмичкиот градоначалник посочуваат дека ваквите гнасни сценарија се типични за делувањето на оваа партија и без сомнение ќе продолжат и во наредниот период, затоа што опонентите на Зоран Заев не можат да му се спротивстават со конкретни дела, па во очај посегнуваат по недозволени средства.

„Инаку, Асан Демов им е познат на сите вработени во општинската администрација бидејќи секојдневно пред влезот на Општината бара пари за неговата, наводно, болна сопруга, а градоначалникот Заев повеќе години финансиски го помогнал. За колку пари ова лице ја продал сопствената душа за да ја каже денешната изјава знае само тој и луѓето од ВМРО-ДПМНЕ. Што друго може да се очекува од луѓе кои го изгубиле својот образ“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски