Општина Струмица стои на располагање на повредените кај Сарамзалино

Од:

Со големо внимание ја следиме состојбата по тешката сообраќајна несреќа што се случи во утринските часови кај Сарамзалино, а во којашто се повредени 36-мина наши сограѓани, велат од Општина Струмица.

Ја почитуваме потребата на лекарските тимови денеска да преземат се што е во нивна надлежност за укажување помош на повредените во сообраќајната несреќа и очекуваме дека тоа ќе биде сторено.

Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев стојат на располагање на повредените и нивните семејства за секаков вид помош.

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, утре ќе ги посети повредените сограѓани хоспитализирани во болниците во Велес и Штип за да се информира лично за нивната здравствена состојба и нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски