Општина Струмица со поддршка на невладиниот сектор

Од:

Претставници на одделението за локален економски развој при општина Струмица денеска одржаа работен состанок со претставници на здруженијата на граѓани и фондации кои добија финансиска поддршка од општината за реализација на нивните проектните активности. Според Тони Милушев, раководител на одделението, здруженијата и фондациите веќе добија дел од финансиските средства со што се исполнети условите за отпочнување на проектните активности.

-На јавниот повик што беше објавен во месец мај оваа година, пристигнаа 38 проектни иницијативи од здруженија и фондации на територијата на општина Струмица. Меѓутоа, согласно методологијата и критериумите, комисијата одлучи да финансира 17 проекти од областа на локалниот економски развој и 6 проекти од областа на социјалната заштита.

Седумнаесетте проекти ќе добијата грант во вкупна вредност од 1,8 милион денари, проектите од социјалната заштита ќе добијат финансиски средства во вкупна вредност од 500 илјади денари. Денешната средба значи координација и договорање околу отпочнување на проектните активности бидејќи општина Струмица, согласно договорите кои што ги склучи со здруженијата на граѓани ги исполни условите и некаде околу 800 илјади денари префрли на посебните сметки на здруженијата на граѓани и фондациите за отпочнување на проектните иницијативи. Со ова се исполнети условите, здруженијата и фондациите да почнат да ги реализираат проектите со единствена цел да го подигнат степенот на квалитетот на живеењето на граѓаните, односно на целните групи кои се предмет на нивното делување, изјави Тони Милушев раководител на одделението за локален економски развој.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски