Општина Струмица: Со измислени афери за Зоран Заев, не може да се сокрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Не е прв пат општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, беспредметно да бидат тема на нарачани и фабрикувани прес конференции од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, кои се полни со лаги, конструкции и инсинуции.

За жал на луѓето од партијата на власт, Општина Струмица ги собра сите награди и признанија за своето работење, со што обидите на ВМРО-ДПМНЕ за оцрнување на општината и на градоначалникот Зоран Заев секогаш паѓаат во вода.

Така е и овој пат. Да беше поинаку, ВМРО-ДПМНЕ со своите послушници од судската власт, до сега сто пати ќе дејствуваа. Ама и тие знаат дека Општина Струмица и градоначалникот Заев работат според Законите, вклучително и според Законот за јавни набавки, па не им преостанува ништо друго туку да држат прес-конференции со лажни обвинувања.

Нивната цел е повеќе од јасна, забошотување на целата состојба во која секојдневно излегуваат на површина криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и обид за вртење на вниманието на македонската јавност од таквата состојба.

Вистината вели дека на распишаниот тендер на општина Струмица за превоз на деца со посебни потреби во ООУ „Сандо Масев“ , фирмата „Тритерол“ воопшто нема аплицирано, што подразбира дека и не можел да испорача услуга.

Можеле од ВМРО-ДПМНЕ барем да најдат друг човек да ја држи денешната прес конференција, оти Васил Пишев многу добро знае на кој начин се добиваат тендери во општина Струмица, бидејќи тој и неговата фирма „Алмакс“ во времето додека е градоначалник Зоран Заев добивал тендери од општина Струмица, како и повеќе други компании блиски на неговата партија, реагираат од општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски