Општина Струмица реновираше домови на културата во пет села

Од:

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска им ги предаде клучевите од реновираните домови на културата на претседаталите на месните заедници во населените места Костурино, Дабиле и Попчево, а освен во вие реновирани се и Домовите во селата Просениково и Добрејци.

При предавањето на клучевите на Бончо Божиков, претседател на МЗ на село Дабиле, градоначалникот Јаневски истана дека општина Струмица ќе продолжи и понатаму со реализација на проекти со цел приближување на квалитетот на животот во населените места до градската средина.

– Ви посакувам да ги користите во здравје овие простории, да ги исполните со содржини, кои што на вас ќе ви преставуваат задоволство и се надевам дека ќе продолжиме со некои следни фази уште повеќе да го оплеменуваме овој простор и вашата средина, рече градоначалникот Јаневски на предавањето на клучот од реновираниот Дом на културата во село Дабиле.

Божиков му се заблагодари на градоначалникот Јаневски и на Советот на општина Струмица за извршената реконструкција на домот кој има големо значење за жителите на ова населено место.

Проектот за реконструкција на домовите на културата чини над 7,5 милиони денари, а општина Струмица го реализираше преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски