Општина Струмица: Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и неговите партиски послушници

Од:

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и неговите партиски послушници. Ништо ново од медиумските поданици на Никола Груевски. Иста тема, исти измислици и иста цел за отстрел. И по Глобал, Глобал. И по Заев, Заев. Овој пат во улога на извршител на партиските наредби за оцрнување на градоначалникот Зоран Заев е партискиот директор на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Славе Трпевски, велат од општината.

Истите обвинувања заслужуваат исти одговори. Како што одобрението за градба беше во согласност со законите, така и актот за легализација е во согласност со сите закони кои се донесени од страна на актуелната власт.

Токму затоа, Глобал не е најголемата легализирана дивоградба, како што тврди Трпевски. Глобал е најголемиот трн во окото на неговиот шеф Груевски и една од најголемите лекции што струмичката локална власт и ја оддржа на државната власт. Глобал е првиот од многуте шамари кои струмичкиот Градоначалник му ги залепи на македонскиот Премиер.

Глобал, како награден проект од ЕУ, беше и ќе остане голем залак, кој власта нема ниту доблест ниту смелост да го проголта.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски