Општина Струмица со надградени ISO стандарди

Од:

Општина Струмица успешно премина кон новите верзии на стандардите-Систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015.

Ваков бил и заклучокот од извештајот од редовната ресертификациона проверка за примена на ИСО стандардите, која била спроведена минатата недела.

– Од страна на тимот проверувачи на Словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената и нивната подготвеност за премин кон новите стандарди во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата, рече Томислав Андреев координатор на тимот на раководството на општина Струмица.

Додаде дека се констатирани позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување.

Инаку, Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 11 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски