Општина Струмица ќе спроведе проектен форум за четири акциски планови

Од:

Во Домот на АРМ во Струмица в петок ќе се одржи проектен форум за запознавање на граѓаните со планираните проекти од стратегиите и акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓанските организации со можност да предложат и изгласаат приоритетни проекти за реализација 2016/2017.

Како што појасни на денешната прес-конференција, Тони Милушев, раководителот на Одделението за локален економски развој при Општина Струмица, форумот ќе има за цел да развие клучни активности.

– Главна цел на акциските планови е да се развијат клучни активности кои треба да се спроведат за да се овозможи успешна реализација на локалните стратегии. Сето тоа е дел од процесот на стратешко планирање кој почна од ноември 2014 година со одржување јавни расправи по четирите локални стратегии преку кои Општина Струмица ги мобилизираше сите засеганти страни – Советот на општината, локалната администарција, јавните претпријатија, средните и основните училишта, граѓанските организации и граѓаните поединечно, како и локалните и државните институции. Стратегиите беа усвоени во декември 2014 година, а акциските планови на седница на општина струмица по претходно направени расправи, појасни Милушев.

Проектниот форум ќе има една сесија на која присутните ќе одлучат на кој од проектите ќе му дадат зелено светло за финансирање. Обезбедени се 45 илјади долари или 2.400.000 денари, од кои 22.500 долари придонес од локалниот буџет, а останатите средства донација од Институтот Отворено Општество Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите