Општина Струмица ќе се збратими и со општина Стрелча од Република Бугарија

Од:

Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев ја продолжуваат прекуграничната соработка со општините од соседните држави, бидејќи за нив, границите не се бариера, напротив, во прекуграничната соработка гледаат одлична можност за црпење нови искуства и нивно практицирање во развојот на општината. Токму пради ова, општина Струмица е лидер во искористувањето на средствата од европските фондови.

strumicaZbratimuvanje (2)

По досегашните позитивни искуства од соработката со три општини во Грција преку реализација на заеднички проекти со средства од фондовите на ЕУ, со општини од Бугарија, но и од Русија, со општината Електростаљ, листата на збратимени општини, ќе ја прошири и со општината Стрелча од источниот сосед. Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на средбата со градоначалникот на општина Стрелча, Иван Евстатиев, почна постапката за збратимувањето.

strumicaZbratimuvanje (3)

Двете општински делегации ги презентираа можностите за соработка и ги дефинираа спортот и културата како области во кои тие можат да дадат најголеми резултати. Во наредниот период, одлуката за збратимување се очекува да биде потврдена  на Советите на двете општини.

strumicaZbratimuvanje (4)

Стрелча се наоѓа во областа Пазарџик, во централниот дел на Република Бугарија и е општина која има огромно искуство во подготовка и имплементација на европски проекти.

strumicaZbratimuvanje (5)

Оваа општина е препознатлива и по  термоминералните извори и бањи. Делегацијата на општина Стрелча одржа средба и со претставниците на спортските клубови од Струмица на која е постигнат договор, спортските клубови по повластени услови да ги користат спортските терени и здравствените капацитети на Стрелча.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите