Општина Струмица ќе продолжи да го субвенционира приклучувањето на гасоводниот систем

Од:

Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица-Гас“.

Ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седница.

Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок за педесет домаќинства.

Субвенционирањето ќе се изврши преку јавното претпријатие „Струмица-Гас“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината за оваа година.

Општината и во минатите години вршеше вакво субвенионирање со цел да им помогне на граѓаните кои сакаат да се приклучат на дистрибутивниот гасоводен систем и да ги уживаат благодетите на природниот гас.

Инаку, надоместокот за приклучок изнесува 600 евра.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски