Општина Струмица ќе ја подобрува безбедноста во Куклиш

Од:

Зачестените сообраќајни незгоди, од кои две со жртви на регионалниот пат Струмица-Банско, кој минува низ селото Куклиш, беше поводот за состанок на Советодавната група на граѓани за „Поголема безбедност во заедницата“.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски потенцираше дека ќе се преземат сите мерки што се во надлежност на општината за подобрување на безбедноста на граѓаните.

– Дојдовме до некои корисни согледувања и заклучоци кои ќе се обидеме во најкраток можен рок да ги примениме. Се надевам дека ќе има ефект оваа средба. Корисни сугестии дадоа и самите граѓани, а за жал иницијатива за оваа средба беа некои немили случувања со човечки жртви кое што многу не загрижи и замисли дали навистина можеме да направиме нешто повеќе, дали има некои моменти кои се важни фактори во безбедноста во ова населено место кои можеме да корегираме со цел да ги заштитиме граѓаните од несакани последици, истакна градоначалникот Јаневски.

Граѓаните на Куклиш ја поздравија иницијативата за решавање на проблемите од областа на безбедноста и дадоа свои предлози и сугестии.

Состанокот се одржа во организација на општина Струмица и Секторот за внатрешни работи во Струмица.

На работниот состанок присуствуваа и началникот на Секторот за внатрешни работи во Струмица, Танчо Пројковски и неговите соработници, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, пратеничката Катерина Кузмановска и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горѓиев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите